Согласно Статутот, Здружението ги спроведува следните активности:

  • одржување на веб страница за објавување на донации,
  • одржување на фејсбук страница за промовирање на веб страницата и објавените апели за помош,
  • одржување на твитер страница за промовирање на веб страницата и објавените апели за помош,
  • отварање и одржување на профили на други страници за социјална интеракција за промовирање на веб страницата и објавените апели за помош,
  • промовирање на здружението, веб страницата и фејсбук страницата за проширување на апелите,
  • организирање на акции за собирање на облека, играчки, книги и други средства за донирање на болни деца и деца со посебни потреби,
  • организирање на забави, свирки, изложби и други културно-уметнички манифестации од хуманитарен карактер,
  • соработка со невладини организации, здруженија, стручни и научни организации, и фондации за спроведување на хуманитарни проекти,
  • организирање посети на болни и изнемоштени лица од страна на членовите на здружението и сите заинтересирани граѓани,
  • донирање на добиени средства на луѓе кои во апел објавиле дека имаат потреба од помош,
  • организирање семинари, обуки и предавања од областа на хуманоста, етиката и моралот.

 

Доколку сакате да ги дознаете повеќе за нашите тековни активности и проекти кликнете овде.