Хуманитарна акција по повод Меѓународниот ден на детето 20 Ноември

Flaer-po-povod-Megjunarodniot-den-na-deteto-2015

По повод Меѓународниот ден на детето – 20 Ноември, членовите на тимот за Општествена Одговорност и Промоција на Хумани Вредности при Здружението Хуманост без граници организираа хуманитарни акција за помош на децата во згрижувачки семејства (деца без родители и деца со посебни потреби).
За таа цел беа поставени донациски кутии во неколку кафе барови во Прилеп (The Gallery Pub, Virus, Take Five, Calypso) во периодот 04 – 21 Ноември 2015 година. Собраните средства беа донирани на две згрижувачки семејства во Прилеп (на 25 ноември 2015 година).

Од друга страна беше добиена донација од околу 200 играчки од Централна Кооперативна Банка АД Скопје. Играчките беа поделени на децата од:

  • Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево (на 01 декември 2015 година),
  • Згрижувачкиот центар за деца со оштетен вид Кочо Рацин Битола (на 07 декември 2015 година),
  • 19 деца во згрижувачки семејства и 21 дете во социјално загрозени семејства (на 19 и 31 декември 2015 година).

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *