“Прошетка на Хуманоста” по трет пат во Скопје – “Thinking Humanity Walk 3”

Да се направи Мало дело на добрина е прекрасно нешто, а уште попрекрасно е кога тоа станува еден вид на традиција.

Во таа насока, на 21 ноември, веќе трет пат по ред во Скопје се одржа „Thinking Humanity Walk” или „Прошетка на хуманоста“, повторно во организација на Меѓународното училиште НОВА и Здружението “Хуманост без граници”, во рамките на Кампањата “Мали дела на Добрина ” на Здружението  и Comunity Service Проектот на училиштетo.

Во текот на прошетката низ Скопските улици учениците од Меѓународното уличиште Нова подарија цвеќиња, колачиња со убави желби. книги, бесплатни прегратки, поделија и залепија поезија и убави пораки… и сето тоа на случајни минувачи.

Целта беше едноставна – да се предизвика насмевка на нечие лице. Тоа и се случи. Со „Прошетка на хуманоста“ успеавме да ги развеселиме минувачите низ улиците на град Скопје.

Големиот број изненадени и насмеани лица кои не пресретнаа ни се уште поголема мотивација и поттик и понатаму да ја шириме добрината и љубовта кон и меѓу луѓето.

Малите дела се носители на големи промени, а ние се обидуваме да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот.

35 65 91

 

Повеќе за настанот на страницата Мали Дела на Добрина

 

One Comment

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *