Здружението Хуманост Без Граници е формирано Август 2011 година од група на лица кои беа претходно здружени за функционирање на страницата www.donacii.mk. Соработката најпрво започна преку формирање на блогот donacii.blog.com.mk за потоа да продолжи на donacii.blog.mk. Потоа се премина кон отварање на посебна страница за донации www.donacii.mk. Следно активностите продолжуваат и на страниците за социјална интеракција како фејсбук, твитер итн. Така на фесјбук, страницата со обожаватели на www.donacii.mk брои над 35.000 членови. Покрај профил на фејсбук, отворени се профили на социјалните мрежи твитер (www.twitter.com/donacii), инстаграм (www.instagram.com/donacii) и гугл плус (plus.google.com/+DonaciiMk).
Со цел формализирање на активностите а поттикнати од желбата за проширување на хуманитарните активности се премина кон формирање на здружението Хуманост Без Граници.
Согласно Статутот Здружението е формирано за организирање, промовирање и спроведување различни хуманитарни активности со цел прибирање на средства за подршка на оние лица кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Покрај страницата за донации пролетта 2014 година се отпочна нова активност – страницата Мали Дела на Добрина (www.malidelanadobrina.mk). Идејата зад страницата е промовирање на активности со цел секој да направи мало дело на добрина, секој ден. Покрај веб страницата, отворени се профили на социјалните мрежи Фејсбук (www.facebook.com/malidelanadobrina), твитер (www.twitter.com/malideladobrina) и инстаграм (www.instagram.com/malidelanadobrina).