Вера, надеж и љубов насекаде низ Скопје

По повод 30-ти септември, денот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, Здружението Хуманост без граници приготви кратки пораки за верата, надежта и љубовта.

Во соработка со волонтери од Мегународните

училишта НОВА пораките, украсени со разнобојни машнички во знак на подарок и мало внимание, беа поделени на случајни минувачи во повеќе населби низ Скопје.

Изненадување, радост и насмевки можеа да се забележат на лицата на минувачите. Се надеваме дека нашето мало внимание израдува многумина.

Нека ова биде поттик секој од нас да направи по едно мало дело на добрина, секој ден…

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *