Новогодишни честитки за децата во СОС Детско Село во соработка со ЈУДГ “Срничка”
|“Хуманоста е најдлабоката човечка карактеристика, најблагородното битисување на секој поединец,
и со тоа најдобра карактеристика на секое општество.
Како Здружение кое како поле на работа, “Хуманост без граници”, меѓу останатите полиња на делување работи и на полето на ширење на свеста за општествената одговорност во рамките на нашата земја, како кај поединците така и кај членовите на сите општествени групи.
Со таа цел, а во рамките на кампањата “Мали Дела на Добрина”, најдовме начин и кај најмладите да ја разбuдиме Хуманоста и на начин близок до нивната возраст, да им покажеме дека и најмалото внимание е сепак голем чекор напред кон градење на едно подобро општество.
Оваа недела заедно со Детската Градинката “Срничка ” во населбата Аеродром, во истоимената скопска општина, имавме час по Хуманост.
Заедно со најмладите, дечињата кои ја посетуваат оваа градинка , подготвивме многу новогодишни честитки, со кои им посакавме преубави желби на другарчињата од Сос Детското село во Скопје, дечиња кои живеат без родителсата грижа од своите биолошки родители.
Цртавме, боевме, лепевме, пишувавме убави желби, и на крај резултатот беше прекрасен- еден гооолем плик полн со љубов, изработен од вредните рачиња на дечињата, доставивме на адресата на Дечињата од СОС Детското село.
Постигнамве многу. Научивме како да покажеме грижа, како да преточиме љубов, научивме што е тоа емпатија…
Се подготвувавме од мали нозе, заедно да направиме Подобар Свет, свет во кој ке има место за секој од нас, секој од вас….Свет во кој секој ќе го добие своето место и нужната поткрепа…
Секако, и се смеевме и се дружевме 🙂 И сите имавме незаборавен ден.
До следната дружба, Поздрави “
Дечињата од ЈУДГ “Срничка”-општина Аеродром и Здружение “Хуманост без граници”