Страница donacii.mk

Страницата www.donacii.mk се одржува од страна на членовите на Здружението. Таа е всушност и постара од самото Здружение, бидејќи членовите пред да го формираат Здружението ја отворија страницата.

Идејата зад страницата е да има единствено место на интернет каде може да се најдат информации за тековни апели за помош од целата земја. Информациите се прибираат од страниците на мобилните оператори, објавите во дневните весници, прилозите од локалните и национални телевизии, написи на лични блогови, како и од барања за објави од лицата директно или инволвирани во апелите за помош.

 

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *