Картички со желби за побрзо оздравување за децата во Детската Болница за белодробни заболувања “Козле”-Скопје

Здружението “Хуманост без Граници ” и  Meѓународното училиште  НОВА, се здружија заедно за да донесат насмевки и убави желби на дечињата во Детската Болница за белодробни заболувања “Козле”-Скопје

 

 

 

    Како дел од Кампањата “Мали Дела на Добрина” кое ја работи Здружението “Хуманост без Граници ” учениците од Meѓународното училиште  НОВА изработија Homemade , рачно изработени картички со убави желби за побрзо оздравување, позитивни инспириративни мисли и охрабрувачки пораки. Картичките се изработени со пораки за побрзо оздравување на Англиски, Македонски и Албански Јазик. Заедно, здужени, се потрудивме на еден поинаков начин, на начин близок на нивнта возраст, преку слика, цртеж, мало внимание, да им ги пренесеме нашите искрени желби на дечињата кои моментално се сместени на Болничкото одделение во Детската Болница за белодробни заболувања “Козле”-Скопје. 

Со голема љубов подготвивме преку 100 тина картички, ги опсипавме со љубов и им ги доставивме на малечките  јунаци.

Нивните насмевки и насмевките на лицата на нивните родители се доволен мотив да продолжиме со мисијата да правиме Мали Дела на Добрина.

 Следуваат уште многу Мали Картички со Големи Желби 🙂


 

 

 

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *