Картички со убави желби за децата во Јавната Здравствена Организација – Природно Лекувалиште Бања Банско
|Здружението “Хуманост без Граници ” продолжува со својата хуманост и овој пат донесе насмевки и убави желби на дечињата кои доаѓаат на рехабилитација во Јавната Здравствена Организација – Природно Лекувалиште Бања Банско сместена во хотел Цар Самуил во локалитетот Бања Банско во Струмица.
Како дел од Кампањата “Мали Дела на Добрина” кое ја работи Здружението “Хуманост без Граници ”, во соработка со Меѓународние Училишта НОВА, медицинскиот персонал вработен во здравствената установа на дечињата им ги подели рачно изработените картички со убави желби, позитивни инспириративни мисли, детска поезија и охрабрувачки пораки.
Се потрудивме на еден поинаков начин, на начин близок на нивнта возраст, преку слика, цртеж, мало внимание, да донесеме насмевка и радост на дечињата кои доаѓаат на рехабилитација во Јавната Здравствена Организација – Природно Лекувалиште Бања Банско во Струмица.
Нивните насмевки и насмевките на лицата на нивните родители се доволен мотив да продолжиме со мисијата да правиме Мали Дела на Добрина.
Вистина ставаме наместо лага, смеа и веселба наместо тага. Здравјето нека е ведрина сега, а болката само шега… И уште многу поезија и убави мисли беа испишани на нашите прекрасни честитки..
Следуваат уште многу Мали Картички со Големи Желби