ПОСЕТА НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ БОЛНИЦАТА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ -ПРИЛЕП
|На 25 Април 2015 година, во рамките на проектот „Општествена одговорност и промоција на хумани вредности“ на здружението „Хуманост Без граници, беше посетено детското одделение во болницата „Борка Талески“ -Прилеп.
На нашиот повик за активност на општествена одговорност и промоција на хумани вредности овој пат одговори Фудбалската Федерација на Македонија.
која обезбеди средства и беа донирани 72 стаклени шишиња со цуцла за намените на детското одделение во болницата „Борка Талески“ -Прилеп.
За разубавување на просторот на детското одделение, со цел да се олесни престојот на дечињата во болницата и барем за кратко да им помогнеме да се почувствуваат пријатно, без разлика на причината поради која се тука, на детското одделние подаривме и стикери со јунаците од цртаните филмови.
Учениците од ОУ „Св.Кирил и Методиј“с.Бучин изработија картички со убави желби за побрзо оздравување, позитивни инспириративни мисли и охрабрувачки пораки. Заедно, здружени, се потрудивме на еден поинаков начин, на начин близок на нивната возраст, преку слика, цртеж, мало внимание, да им ги пренесеме нашите искрени желби на дечињата кои моментално се сместени на детското одделение во болницата.
Со нас имаше и „магија“ која донесе насмевки на лицата на присутните. 🙂 На дечињата сместени во болницата во Прилеп и нивните родители им подаривме смеа, радост, дружба и пред се, внимание , кое е толку многу потребно во миговте во кои се наоѓаа моментално тие.
донесе насмевки на лицата на присутните. 🙂 На дечињата сместени во болницата во Прилеп и нивните родители им подаривме смеа, радост, дружба и пред се, внимание , кое е толку многу потребно во миговте во кои се наоѓаа моментално тие.
Едно прекрасно минато претпладне за сите нас.