ПОСЕТА НА ЈУ „Дневен центар за деца и младинци со посебни потреби“ Крушево.
|На 19 Мај 2015 година, во рамките на проектот „Општествена одговорност и промоција на хумани вредности“ на здружението „Хуманост Без граници, беше посетена ЈУ „Дневен центар за деца и младинци со посебни потреби“ Крушево.
Прекрасни мигови за паметење имавме со дечињата кои го посетуваат Дневниот Центар. Нивните насмевки, ведри лица и нивните големи срца, срца во кои има место за сите нас, нивните искрени желби , нивните подадени раце за прегратки- ни покажжаа колку големи можат да бидат срцата на ситње тие јуначиња, кои денот го минуваат во Дневниот центар.
Ние се обидовме со нашето внимание, нашата дружба и прекрасно поминатото време да им покажеме дека сме тука за нив. Секогаш.
На нашиот повик за активност на општествена одговорност и промоција на хумани вредности одговорија: Фудбалската Федерација на Македонија, СОУ „Наум Наумовски-Борче“-Крушево и Клубот на Млади – ООЦК Крушево.
Фудбалската Федерација на Македонија обезбеди средства и беа донирани четири килимчиња, едно детско креветче и душек. Работи потребни за подобрување на условите во центарот.
Во акијата се прудружија учениците од гимназијата „Наум Наумовски-Борче“-Крушево, кои во центарот донираа компјутер за потребите на посетителите на овој центар.
Клубот на Млади – ООЦК Крушево, се придружи на посетата со донирање на дубаче и душек.Членовите на овој клуб го посетуваа центарот повеќе пати дружејќи се со дечињата од центарот.
За разубавување на просторот на дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, подаривме и стикери со јунаците од цртаните филмови.
Дружбата за време на посетата беше исполнета со многу насмевки, радосни лица и многу испеани песнички.
На дечињата сместени во дневниот центар им беа подарени смеа, радост, дружба и пред се, внимание , кое е толку многу потребно.
Голема благодарност до сите кои учевствуваа на оваа посета.
Прекрасна дружба за сите нас. <3