“Нашето Малку за некого Многу”- Хуманитарна собирна акција
|На 29 мај од 13 часот до 15 часот ќе бидеме пред Спомен Куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде ќе се одржи хуманитарна собирна акција за помош на три социјални семејства.
Под мотото “Нашето Малку за некого Многу”, здружението “Хуманост без граници” ве поканува да усреќиме три социјални семејства заедно.
Собираме донации за:
-Meри Андоновска (женска облека за возрасни, не премногу глеми броеви, и машка облека за деца од 13 и 8 години, средства за хигиена и домаќинство)
-Малиот Адмир Рамадани (играчки, сликовници, едукативен материјал, обувки за дете од 5 години )
-Маја Алексовска ( женска облека и машка облека за млади, средства за хигиена и домаќинство)
Да покажеме дека секој со Своето Малку, може да придонесе за Многу.
Ве чекаме, подготвени за Добрина