“Размени книга, подари љубов”-aкција на размена на книги и донации за Домот “11 октомври” во Скопје
|
Под мотото “Размени книга, подари љубов “, на 18.04.2015 во Скопје се одржа акција на размена на книги и донирање за Дом ”11 Октомври”
Прекрасното време беше мотив плус Скопјани да ја посетат оваа акција на радување. Ккао што најавивме на поканата на настанот, акцијата беше “2 во 1” акција на радување-се радуваме себеси со непрочитани книги, а ги радуваме и децата од Дом “11 Октомври” со книги и училишен прибор.
Двете акции поминаа одлично 🙂 Многу граѓани дојдоа со своите веќе прочитани книги, за да ги остават за некој друг да ужива во нив, а си земаа други, непрочитани книги, кои ги донеле други луѓе. Дел од посетителите само донесоа книги, и сакаа само да ги остават за некој друг да може да ги земе 🙂
Оние книги кои останаа како неподигнати од нови читатели на акцијата, ќе ги донираме во Дом за Стари Лица.
Посебно не израдува тоа што бр.1 акцијата, донирање на книги, лектири и училишен и едукативен прибор за децата во Домот за деца без родители “11 октомври” беше многу успешна. Повеќето посетите донесоа книги и лектири за дечиња, полни кесиња фломастери, боенки, сликовници, едукативни книги , работни листови…
Децата од Домот “11 октомври ” сите тие луѓе ќе ги направат посебно среќни.
Донацијата ќе биде предадена во Домот “11 Октомври”во текот на следната седмица.
Во акцијата како волонтери земаа учество и Мија и Афродите, волонтери , ученици при Меѓународните училишта “НОВА”.
Им благодариме на сите посетители на оваа акција на Добрина и Дарување.
Ви посакуваме на здравје читање и се надеваме дека нашето задоволство и среќа го споделивме сите ние заедно ♥