“Сподели добрина” во Скопје и Струмица

Кон крајот на месец февруари во Скопје и во Струмица се одржа акцијата “Сподели добрина” во организација на Здружението “Хуманост без граници”, како дел од Кампањата “Мали дела на Добрина”.

Со многу едноставна идеја, инспиративни пораки и цитати за споделување на добрина напишани на ливчиња кои беа залепени на повеќе места низ Скопје и Струмица, а со една и единствена цел- да изненадиме некој случаен минувач, да разубавиме нечиј ден, да направиме некого среќен или да предизвикаме насмевка на нечие лице.

Акцијата е дел од идејата за мали, случајни  дела на Добрина, кои носат радост на лицата на непознатите луѓе. Секоја порака одзема само неколку секунди од Вашето време, а некому ќе му донесе радост, насмевка и поубав ден.

Погледнете ги фотографиите, инспирирајте се и споделете и вие некоја убава порака-Споделете Добрина, затоа што Секогаш е добро време да се направи нешто добро.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *