Акција “Земи доза добрина”

Велат насмевката е најдобар лек.

Токму поради тоа во текот на минатата недела волонтерите на Здружението “Хуманост без граници” се обидоа да донесат насмевки на лицата на сите случајни минувачи низ улиците на Скопје. Начинот беше многу едноставен… Преку ливчиња со насмевки, комплименти и убави зборови се обидовме да пренесеме безрезервна позитивна енергија и убаво расположение на секој оној кој ќе помине и ќе одвои неколку секунди да си земе барем една Доза на Добрина.

Акцијата беше направена со лепење на повеќе од 1.000 пораки и насмевки на ливчиња на повеќе од 100 локации низ Скопје. Пораките беа испишани на македонски, албански и англиски јазик и секој од случајните минувачи можеше да си земе насмевка, комплимент по избор или нешто друго што му е потребно во животот.

“Земи доза добрина” е акција која ја следи идејата за ширење на Добрина со правење на мали дела на добрина кои носат радост и насмевки на лицата на непознатите случани минувачи . Позитивно изненадување и барем за кратко разубавување на денот беше нашата цел и благодарни сме што беше успешна.

Сите оние кои не наидоа на Дозата на добрина која се споделуваше низ Скопје имаат време да појдат на прошетка и да погледнат поубаво наоколу барајќи насмевка за поубав ден.

И за крај, идеја за секој од нас, споделете и вие насмевка, комплимент, убава порака, ширете ја убавата мисла, позитивната енергија и љубовта кон луѓето околу Вас и бидете и вие алка во синџирот на Добрината.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *