“Хуманост без Граници” и “Нова Македонија” во заедничка мисија за ширење на Хуманоста
|Здружението “Хуманост без Граници ” и дневниот весник “Нова Македонија” во мај 2014 година се здружија во заедничка мисија, да помогнат онаму каде навистина има потреба од помош.
Заедничкиот проект се реализира преку објавување на најитните апели за помош на лица кои имаат потреба од материјални средства за лекување или операција, со цел да се подобри нивното здравје или спаси нивниот живот, во дневниот весник “Нова Македонија”
На тој начин, дневниот весник “Нова Македонија” се вбројува себеси во еден од оние медиуми кои навистина знаат како да ја прикажат општествената одговорност вградена во нивната идеја и мисија. Хуманоста како мотив и нејзиното реализирање на страните на дневниот весник, дозволуваат граѓаните да бидат подобро информирани за сите лица кои имаат потреба од материјални средства за лекување или операција, и со тоа ширење на информацијата, да се прошири кругот на граѓани кои ке донираат на телефонските броеви за донации и го зголемат бројот на повици и собрани средства.
И со самото тоа – ДА СЕ СПАСИ ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ.