Хумана акција на дарување книги “Дарувај книга- дарувај пријател!”

На 17 мај 2014 година пред Спомен Куќата на Мајка Тереза се одржа Хумана акција на дарување книги “Дарувај книга- дарувај пријател!” каде домаќини беа “Хуманост Без Граници” – тимот кој стои зад www.donacii.mk

Oгромна благодарност за сите кои одвоивте од своето време и од својата библиотека и, и покрај дождливото време, дојдовте да дарите книга. И ви благодариме на искрените насмевки, на споделените размислувања за добра книга, на поетското читање, на идеите за ширење на хуманоста … на споделеното доживување 🙂

Во хуманата акција за Дарување книги се собраа близу седумдесеттина  наслови од разни тематики, Даривме нови околу седумдесетина  пријатели на луѓето кои што се  згрижени во Домот за Стари Лица “Мери Терзиева”

Ви благодариме на Хуманоста.
Се гледаме на следното споделување Добрина.

Со почит, Тимот на “Хуманост без Граници”.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *