Хуманитарна акција: „Да испратиме љубов!“
|На 23 Мај 2014 година во ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин (општина Крушево), се одржа хуманитарен настан по повод патрониот празник на училиштето, а со цел помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Паралелно се одвиваше и акцијата за собирање на обувки и играчки за децата сместени во дом семејства и социјално загрозени семејства. Целта од хуманоста од овој настан ги здружи “Хуманост Без Граници” – тимот кој стои зад www.donacii.mk и вработените и директорката на ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Гордана Ристеска Тунеска, во заедничка мисија како домаќини на оваа акција.
Сакаме да искажеме огромна благодарност до жителите а посебно до дечињата од ова место кои покажаа одлична спремност на овој час-час на хуманоста. Искрените детски насмевки, позитивните реакции од учеството на овој настан како и дарежливоста во истиот, покажаа колку нивните срца се навистина ГОЛЕМИ 🙂
Акцијата ќе продолжи и во текот на неделата што следи, а сите кои сакаат да донираат можат да го направат тоа во просториите на ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Собраните донации ќе бидат доставени во ОО на Црвениот Крст во Крушево од каде ќе бидат испратени на вистинското место.
Испративме љубов!
Ви благодариме на хуманоста.
Со почит, Тимот на “Хуманост без Граници” и ОУ. „Св.Кирил и Методиј“.
Погледнете како си поминавме 😀