Хуманитарна акција „ЗА СИТЕ ДЕЦА“

Со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС ДЕТСКО СЕЛО во Скопје, Здружението “Хуманост без граници” во сабота на 22-ри август 2015г. пред Спомен куќата на Мајка Тереза оддржа Хуманитарна акција на дарување на книги, лектири, работни тетратки, учебници, блокови, моливи, училишни ранци….

Целта на оваа акција беше училишната година да биде почеток исполнет со радост и големи очекувања за сите деца од СОС ДЕТСКOТО СЕЛО.

Колку и зборови да се кажат нема да може да се опише чуството и радоста која беше присутна како меѓу челновите на здружението „Хуманост без граници“, така и меѓу сите во СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. Сликите од собирната акција сами по себе кажуваат за успешноста на самата акција.

Акцијата заврши успешно благодарение на сите хумани луѓе кои помогнаа и донираа училишен прибор. Во период каде одморите сеуште траат, во период каде сите имаме дополнителни трошоци за своите деца, во акција каде е потребно да се донесе училишен прибор кој се купува акцијата заврши успешно и повеќе од очекуваното.

УСПЕШНОСТА Е РЕЗУЛТАТ НА ГОЛЕМОТО СРЦЕ НА СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ КОИ ДОНИРАА И ПОКАЖАА ДЕКА ЕДНО ДЕЛО НА ДОБРИНА ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО Е РАДОСТ И ЖЕЛБА ЗА УСПЕШНА ШКОЛСКА ГОДИНА.

Се донираше различен школски прибор.

При оваа акција не воодушевија приказните на две донации кои со поголема донација од вообичаената со објаснување „ИМАВМЕ КНИЖАРА КОЈА ЈА ЗАТВОРИМЕ, НИ ОСТАНА ДОСТА ШКОЛСКИ ПРИБОР КОЈ СЕГА ПРИ ОВАА АКЦИЈА РЕШИВМЕ ДА ГО ДОНИРАМЕ И ДА СПОДЕЛИМЕ РАДОСТ ВО ДЕТСКИТЕ СРЦА“.

За поздравување беше и донацијата на Енциклопедии со објаснување „ САКАВМЕ ДА ДОНИРАМЕ НЕШТО РАЗЛИЧНО, КОРИСНО И УБАВО ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. ЗНАЕВМЕ ДЕКА ОСТАНАТИОТ ШКОЛСКИ ПРИБОР ЌЕ БИДЕ ДОНИРАН И ЗА ТОА НИЕ СЕ ОДЛУЧИВМЕ НА НЕШТО ПОИНАКВО И ПОРАЗЛИЧНО“

За поздравување се сите донации и сите приказни кои ги слушнавме од хуманите луѓе, од луѓето со големо срце. Нови ранци, нови лектири, тетратки, блокови, ленири, шестари…. за момент и ние посакавме да сме деца и се радувавме како деца на овие прекрасни донации.

Хуманоста овој пат победи.
Хуманите донираа училишен прибор за децата од СОС детското село.
Собирната акција заврши успешно благодарение на хуманите срца.
Голема благодарност до сите кои донираа, споделуваа, не поддржуваа.

Ова нема да биде последна акција, успешноста на оваа акција не мотивира уште повеќе и ни дава верба дека заедно сите можеме да помогнеме на оние на кои им е потребна нашата помош.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *