Посета на дечињата хоспитализирани на Детска Хирургија во Скопје

 Едно убаво декемвриско утро, освен сончевите зраци, дечињата кои беа хоспитализирани на Детското одделение на Клиниката за Хирургија ги изненади и една необична екипа :)

На 10 декември 2014 , Здружението “Хуманост Без Граници” и ученици од Меѓународното училиште НОВА донесоа насмевки на дваесет

те дечиња кои беа хоспитализирани на Детското одделние на Клиниката за Хирургија. Со цел да им донесеме малку радост и насмевки, им подготвивме мало изнадување. Со надеж дека за миг ќе заборават на и фактoт дека се болни и дека овој период не се во можност да уживаат комплетно во радостите на безг
рижното детство, ги посетиве заедно со Кловнот Ана, и им даривме рачно изработени картички со желби за побрзо оздравување, книги, сликовници и балони.


Детската гласна смеа , аплаудирањето на шегите на кловнот и благодарните погледни на родителите, ни покажаа дека нашата посета барем малку им ја олеснила состојбата на дечињата, и барем за миг, им ја оттргнала мислата дека тие сега се во болница.

Во рамките на Кампањата “Мали дела на Добрина”-направивме уште едно Мало Дело на Добрина.

Продолжуваме!

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *