Награда од Центарот за Институционален Развој CIRa

Во организација на Центарот за Институционален Развој (CIRa) на 11 Јули 2013 година во хотелот Александар Палас беа доделени годишните награди за филантропија и општествена одговорност за 2012 година. На овој настан беа доделени вкупно 12 награди во 3 категории и 2 специјални награди. Овој вид на награди се доделува по шести пат во организација на CIRa.

Здружението ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ ја доби Специјалната награда за иновативен пристап во промовирањето на филантропијата и поддршката на локалното донирање.

Оваа награда Здружението ја доби за следните активности и проекти:

• над 130 објави за акции за прибирање на средства за индивидуи и хуманитарнии настани прекуwww.donacii.mk

• над 90 објави на пораки за промоција на филантропијата и за акции за прибирање на средства преку Facebook страната Донации со вкупно над 10.000 лајкови, над 350 коментари и околу 4400 репорстирања на пораките

• над 31.000 граѓани ја like-нале Фексбук страната на donacii.mk

Нашето Здружение е релативно младо и релативно мало со релативно мал број активности. Ако со нашите активности сме поттикнале некои луѓе да бидат по хумани, тогаш оваа награда им примаѓа ним. Искрена благодарност до Центарот за Институционален Развој (CIRa) за наградата.

 

Повеќе за настанот: Фејсбук настан, Албум

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *