Spiderman со желби за побрзо оздравување во Детската Клиника
|
Ништо не е повредно од детската насмевка.
Ништо не е поблагородно од носењето радост на детските лица.
Токму поради тоа, со цел да донесеме радост и да посакаме побрзо оздравување, заедно со Spiderman, ги посетивме дечињата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје и им поделивме картички со желби за побрзо оздравување.
Здружението “Хуманост без Граници ” и Меѓународните Училишта “НОВА”еден сончев ден aприлски ден донесоа насмевки и убави желби на дечињата во Детската Клиника во Скопје.
Како дел од Кампањата “Мали Дела на Добрина” кое ја работи Здружението “Хуманост без Граници ” учениците од Meѓународното училиште НОВА изработија Homemade , рачно изработени картички со убави желби за побрзо оздравување, позитивни инспириративни мисли и охрабрувачки пораки. Картичките се изработени со пораки за побрзо оздравување на Англиски, Македонски и Албански Јазик. Заедно, здужени, се потрудивме на еден поинаков начин, на начин близок на нивнта возраст, преку слика, цртеж, мало внимание, да им ги пренесеме нашите искрени желби на дечињата кои моментално се сместени на Детската Клиника.
Со голема љубов подготвивме преку 120 тина картички, ги опсипавме со грижа и им ги доставивме на малечките јунаци.
Нивните насмевки и насмевките на лицата на нивните родители се доволен мотив да продолжиме со мисијата да правиме Мали Дела на Добрина.
Следуваат уште многу Мали Картички со Големи Желби.