“Thinking Humanity Walk 2” – втора “Прошетка на Хуманоста” во Скопје

11082862_10152762908183461_115323898_n

11084571_10152762907558461_1044018547_n

 

 

 

 

 

 

 

 

На 21 март во Скопје се одржа втората „Thinking Humanity Walk” или „Прошетка на хуманоста“, повторно во организација на Меѓународното училиште НОВА и Здружението “Хуманост без граници”, во рамките на Кампањата “Мали дела на Добрина ” на Здружението  и Comunity Service Проектот на училиштетo.

 

11077703_10152762907493461_1891100524_n

11084452_10152762907608461_1708600777_n

11081849_10152762907228461_1523848814_n

 

Имавме задоволство по втор пат да организираме настан со кој се донесе радост на многу неознати луѓе и им се разубави саботното претпладне.

Во текот на прошетката низ Скопските улици учениците од Меѓународното уличиште Нова подарија колачиња со убави желби. подарија книги, бесплатни прегратки, поделија и залепија поезија и убави пораки… и сето тоа на случајни минувачи.

11079062_10152762907693461_1410546118_n

11080134_10152762910478461_690229166_n

11082819_10152762908053461_650744568_n

 

 

 

 

 

 

 

 

Целта беше едноставна – да направиме некого среќен. Тоа и се случи. Со „Прошетка на хуманоста“ успеавме да ги развеселиме минувачите низ улиците на град Скопје.

Големиот број изненадени и насмеани лица кои не пресретнаа ни се уште поголема мотивација и поттик и понатаму да ја шириме добрината и љубовта кон и меѓу луѓето.

11077682_10152762907508461_91058003_n

11076863_10152762910558461_1674614770_n

11076152_10152762907758461_29285553_n

 

 

 

 

 

 

Дел од книгите кои беа поделени на прошетката на хуманоста беа подарок од издавачката куќа ТОПЕР. Со нив се донесоа насмевки на многу дечиња, млади и возрасни минувачи.

Секое добро дело, колку и малечко да ни личи, за некого е бесценето. Една обична насмевка може да разубави ден, еден телефонски повик да разбие нечија осаменост, едно “Те сакам” да сруши многу sидови, малата поддршка за некого да биде потик да ги искачи највисоките планини, подадената рака… почетокна најдоброто пријателство..

Секој од нас, како алка во синџирот на Добрина, е еден носител на таа идеја. Нашето мало дело на Добрина за некого ќе биде инспирација и тој самиот да направи Добрина на некого. И така, ланецот и кругот на Добрина се шират.

Малите дела се носители на Големите промени.

 

          11076067_10152762911033461_1067930443_n 11076015_10152762908113461_1437760777_n 11073008_10152762910608461_726634539_n 11073496_10152762910523461_111173791_n 11073842_10152762907858461_977849303_n 11073975_10152762910588461_872038482_n 11074636_10152762907778461_536778108_n 11072504_10152762907368461_1753995851_n 11072276_10152762911008461_1057819778_n 11072268_10152762910448461_1034985501_n 11063216_10152762910518461_1680018205_n 10151652_10152762907903461_922174690_n 10867181_10152762910703461_1862056388_n 10887688_10152762907588461_587403912_n 11039587_10152762908148461_65697596_n 11051276_10152762910463461_1183200933_n 1616540_10152762907518461_956681500_n 1555821_10152762910998461_1805897295_n 1555821_10152762907998461_1694277896_n 961560_10152762910568461_1976844975_n 11076152_10152762907758461_29285553_n

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *