Донација на книги и училишен прибор за Домот за деца без родители “11 Октомври”

Во рамките на Кампањата “Мали дела на добрина” на Здружението “Хуманост без граници”, како што веќе објавивме, под мотото “Размени книга, подари љубов “, на 18.04.2015 во Скопје се одржа акција на размена на книги и донирање за Дом ”11 Октомври”.

Многу луѓе донираа книги и лектири за дечиња, полни кесиња моливи, пенкала, фломастери, боенки, сликовници, едукативни книги, работни листови… сите за децата во Домот за деца без родители “11 Октомври”  во Скопје.

Оваа недела донацијата беше предадена во Домот “11 Октомври” . Децата а и одговорните топло не пречекаа полни со благодарност и среќа за се што им е однесено.

Им благодариме на сите посетители на оваа акција на Добрина и Дарување. Сите заедно усреќивме многу деца. Ве очекуваме повторно на следните вакви акции затоа што секогаш е добро време да се направи нешто добро.

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *