Општествена одговорност и промоција на хумани вредности: Посета на завод за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“- Битола.

На 25 Декември 2014 година, се одржа посета на заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола. Целта на оваа посета беше една и исполнета – Радост за сите!

За тоа да биде така, се погриживме ние како Здружение“Хуманост без граници”,  О.У „Св. Кирил и Методиј“-с. Бучин, Асоцијацијата за уметност и култура за деца и млади „Креативити“ – Прилеп и компанијата за призводство на постелнина „Комфи Ангел“ – Прилеп. Сите тие одговорија на нашиот повик за активност на општествена одговорност и промоција на хумани вредности.

При посетата, учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“-с. Бучин донираа новогодишни пакетчиња за своите другарчиња од заводот. Со акцијата која ја спроведија во своето училиште, учениците од „Кирил и Методиј“ собраа и направија 60 новогодишни пакетчиња. Насмевките како главен дел од доставувањето на истите беа неизбежни.

Асоцијацијата за уметност и култура за деца и млади „Креативити“ – Прилеп, во посетата учествуваше приредувајќи новогодишна претстава која измами многу детски насмевки и ја задржа топлата и радосна атмосфера. На сето тоа следеа постојани гушкања на сите кои беа присутни. Тоа не се опишува, тоа е тоа што се чувствува.

Како последна активност на посетата беше изработката на новогодишна бајка. Дечињата од „Креативити“, учениците од „Кирил и Методиј“ и домаќинчињата од „Кочо Рацин“ учевствуваа во заедничка изработка на сликовница од новогодишни и божиќни слики.
Компанијата за произвотство на постелнина „Комфи Ангел“- Прилеп, за заводот донираше 40 јорганчиња, 40 чаршави и 40 перници, а со тоа дополнително ќе ги стопли дечињата во зимските денови кои следат.

Идејата на настанот е да се испромовира и пред се мотивира будењето на општествената одговорност и кај други компании, лица, институции и организации, и идејата дека секој со својот удел и својата улога во ова наше општество може да направи нешто и за другите околу себе. И тоа постепено, веќе да стане и одговорност, а не само желба или избор на поединците и организациите.


Во продолжение за тоа како си поминавме <3

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *