Хуманитарна собирна акција во Скопје – “Нашето малку за некого многу”
|Секогаш е добро време да се направи нешто добро… А нашето добро време за да се направи нешто добро беше на 29 мај кога пред Спомен Куќата на Мајка Тереза во Скопје се одржа хуманитарна собирна акција за помош на три социјално загрозени семејства.
Под мотото “Нашето малку за некого многу”, Здружението “Хуманост без граници” заедно со помош од сите хумани граѓани се обиде да усреќи три социјално загрозени семејства.
Се собираа донации за:
-Meри Андоновска, самохрана мајка (облека, средства за хигиена и домаќинство)
-Адмир Рамадани, детенце кое живее со двајца слепи родители (играчки, сликовници, едукативен материјал, обувки)
-Маја Алексовска, самохрана мајка (облека, средства за хигиена и домаќинство)
На нашата покана се јавија многу граѓани кои донираа дел од она што ним не им беше потребно за да разубават нечие секојдневие и нечиј живот… и во тоа успеавме, сите заедно.
Во акцијата се вклучи и Здружението “Поглед кон вистината” со донација на пакети од потребните производи за семејствата, а како волонтери земаа учество и ученици од Меѓународното училиште “НОВА”.
Донесовме насмевки на лицата на децата и родителите и уште еднаш докажавме дека грижејки се едни за други можеме да направиме многу.
Им благодариме на сите посетители на оваа акција на Добрина и Дарување и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме во уште поголем број ♥