“Thinking Humanity Walk” – „Прошетка на хуманоста“ во Скопје

На 29 ноември во Скопје се одржа „Thinking Humanity Walk” или „Прошетка на хуманоста“, во организација на Меѓународното училиште НОВА и Здружението “Хуманост без граници”, во рамките на Кампањата “Мали дела на Добрина ” на Здружението  и Comunity Service Поектот на училиштетo.

 Еден необичен настан за нашите простори, настан со кој Идејата за Мали Дела на Добрина им се приближи на граѓаните на Скопје. Настан со кој се донесе радост на многу неознати луѓе, и им се разубави саботното претпладне.

Во текот на прошетката низ Скопските улици учениците од Меѓународнoтото уличиште Нова поделија бесплатни прегратки, бесплатни книги, поделија и залепија Случајна поезија, подарија цвеќе на случајни минувачи, подарија колачиња со убави желби…и сето тоа на случајни минувачи. Со една и единствена цел- Да направиме некого среќен.

Приказната е дел од идејата за Мали, Случајни  дела на Добрина, кои носат радост на лицата на непознатите луѓе. Со „Прошетка на хуманоста“ е настан со кој успеавме да ги изненадиме и развеселиме минувачите низ улиците на град Скопје.

Во текот на прошетката низ Скопските улици учениците од Меѓународнтото уличиште Нова поделија бесплатни прегратки, бесплатни книги, поделија и залепија Случајна поезија, подарија цвеќе на случајни минувачи, подарија колачиња со убави желби…и сето тоа на случајни минувачи. Со една и единствена цел- Да направиме некого среќен.

Да ја шириме Добрината, да ја шириме убавата мисла, да ја шириме љубовта кон и меѓу луѓето-со таа цел се потрудивме да го направиме денот поубав и а смеиме некои нешта во светот околу нас.


Секое добро дело, колку и малечко да ни личи, за некого е бесценето. Една обична насмевка може да разубави ден, еден телефонски повик да разбие нечија осаменост, едно “Те сакам” да сруши многу sидови, малата поддршка за некого да биде потик да ги искачи највисоките планини, подадената рака… почетокна најдоброто пријателство..


Секој од нас, како алка во синџирот на Добрина, е еден носител на таа идеја. Нашето мало дело на Добрина за некого ќе биде инспирација и тој самиот да направи Добрина на некого. И така, ланецот и кругот на Добрина се шират.

Малите дела се носители на Големите промени.

 

   Освртот на Леонид-Рене-Томас Караџинов, еден од учесниците во Прошетката, ни дава слика за самата организација на настанот, кој со голема љубов го организираа учениците.

“Работевме повеќе активности.  Едната беше „Случајна поезија“, чија задача беше учесниците да се снабдат со листови на кои имаше испринтано поезија  кои ги оставија на случајни места низ градот. Другата беше „Сподели книга со непознат“, во која учениците донираа  книги  кои за време на настанот ги поделија на минувачите. Последната група беше „ Мали дела на добрина“ во која учениците собираа и пакуваа домашни колачи кои ги поделија на граѓаните во текот на главниот настан.

.

 На 29ти ноември, во 10 часот, сите групи заедно со присуство на координаторите на оваа активност, проф. Ана Трајковска и Маја Лазаревска, тргнавме на прошетка од средното училиште НОВА кон Плоштадот Македонија. По пат сите групи си ја вршевме својата должност: закачувавме цитати по дрвја, лепевме и остававме песни по автобуските станици, делевме колачи на минувачите и дававме „гратис“ прегратки и подарувавме понекоја ружа на постарите госпоѓи.

Оваа активност беше многу успешна и за наша голема радост успеавме да им го усреќиме и развеселиме денот на пресретнатите минувачи. По оваа активност, сите согледавме дека треба што почесто да се организираат вакви активности кои би го подигнале расположението на жителите во Македонија .”

 

Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *